Османи: Итна деескалација на конфликтот во Нагорно Карабах, ОБСЕ е подготвена да им помогне на Ерменија и Азербејџан

од Nikola Popovski
161 прегледи

Неопходна е акција за спречување на хуманитарна криза, а хуманитарните аспекти и потребите на луѓето остануваат приоритет. Ова им го порачал претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи на двете одвоени средби со министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија, Џејхун Бајрамов и Арарат Мирзојан за време на 78-то заседание на Генералното собрание на Обединетите Нации.

На средбите тој ја изразил својата длабока загриженост за денешните воени операции во регионот, како и за опасноста и влијанието врз погоденото цивилно население. Повикувајќи на итна деескалација, повторно изразил загриженост за сериозните последици врз луѓето, особено за ранливите групи.

Османи информира дека разговарале за безбедносните предизвици и состојбите во регионот на Јужен Кавказ, но и механизмите на ОБСЕ кои може да придонесат за стабилност и унапредување на безбедноста на регионот.

„ОБСЕ поседува потребно искуство, експертиза и алатки за олеснување на дијалогот и градењето доверба и спроведување на релевантните договори“, рекол Османи на одвоените средби.

Слични содржини