Османи: Изјавите на Курти за албанскиот јазик се скандалозни и штетни

од Nikola Popovski
1,2K прегледи

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи реагираше на изјавата на косовскиот премиерот Албин Курти дека „не постои закон за употреба на албанскиот јазик во Македонија“, порачувајќи му дека таквите изјави се „скандалозни“ и „многу штетни“, а особено охрабрувачки за сите оние кои сакаат да го поништат Охридскиот договор.

„Изјавата на Курти за јазиците е скандалозна, многу штетна и охрабрувачка за сите оние кои сакаат да го поништат Охридскиот договор, особено неговата точка за албанскиот јазик. Тоа прашање беше регулирано со измена на Уставот по Охридскиот договор во 2001 година“, изјавил Османи за косовската тв „Дукаѓини“.

Тој објаснува дека е спорно што 15 години не е најден компромис за правилно толкување на таа точка од Охридскиот договор.

„Македонската страна сметаше дека Охридскиот договор предвидува албански јазик само во општините каде што над 20 отсто од населението се Албанци. Од наша страна албанскиот јазик на сите нивоа во државата е еднаков со македонскиот јазик. По 15 години тоа го постигнавме. Имаше и има закон за албанскиот јазик. Законот за употреба на јазикот, во член 1, вели дека службен јазик во државата е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. „Исто така, јазикот што го зборуваат повеќе од 20 отсто од населението е официјален јазик“, рекол Османи.

Според него, вчерашната седница на двете влади „ја легитимира антиалбанската политика што владее во Македонија во последните четири месеци“.

Целта на таа политика, како што вели, е „поништување на Охридскиот договор и достигнувањата на Албанците во последните 20 години“.

„Мислев дека оваа заедничка средба ќе биде искористена за да се испрати порака до Владата на Северна Македонија дека и Косово е заинтересирано да не ја деградира положбата на Албанците во таа земја, бидејќи функционалноста на мултиетничката демократија е основа за стабилна и просперитетна Македонија“, истакнал Османи.

Слични содржини