Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи изразил желба да се сретне со претставниците на македонските Бугари во земјава, јавува агенцијата „БГНЕС“.
Барањето доаѓа две недели откако еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји ги прими македонските Бугари на средба во Брисел.
Пред точно една недела Османи говореше на истата тема, при што изрази жалење што претставниците на бугарските здруженија и клубови во земјава не се обратиле до македонските власти, туку заминале на состаноци во Брисел и Софија.
-Јас очекував средбата да биде со мене, а не во Софија или Брисел. Таа порака ја упатувам постојано. Државјаните на Македонија без разлика на која етничка припадност, имаат своја Влада и институции каде што можат да ги адресираат своите проблеми и прашања, рече Османи.