Косовската претседателка, Вјоса Османи по повод годишнината од нападите врз врз војниците на НАТО на северот на Косово, на 29 мај минатата година, во кои беа повредени 93 војници, пишува дека авторите на тие криминални дејствија сé уште „се шетаат на слобода низ Србија“.
Таа вели дека сторителите од, како што ги нарекува, „српските организирани криминални групи“ дејствувале по наредби и се под заштита на „режимот на (претседателот на Србија, Александар) Вучиќ.
„Вчера се наврши една година од нападите на 29 мај врз војниците на НАТО на северот на Косово. Како што јасно се гледа од видео снимките и криминалните истраги спроведени од агенциите за спроведување на законот, 93 војници беа повредени, од кои некои сериозно, во нападите на српските организирани криминални групи со јасни политички наредби од режимот на Вучиќ и водачите на неговата банда. Насилниците, кои се уште се шедтаат на слобода низ Србија и ги штити режимот на Вучиќ, мора да одговараат!“, напиша Османи на Х.
Според неа, „неказнувањето само ги охрабри да ги повторат нападите, што јасно се покажа преку актот на агресија на 24 септември од страна на Србија“.
„Ова беше напад против НАТО и тие што го нарачаа и извршија се добро познати. Неказнувањето мора да заврши! Сите ние го должиме тоа на младите војници кои ги загубија екстремитетите и чии животи засекогаш беа променети, затоа што ги ставија своите животи на линијата на мирот, безбедноста и сигурноста на сите граѓани“, порача Османи