Министерот за надворешни работи Бујар Османи в петок на 28 јануари ќе присуствува на седница на собраниската Комисија за надворешна политика, информираа од МНР.
Претходно пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоск поднесе барање до МНР и Османи, да достави одговори на одговорите за 5+1 барањата од страна на Бугарија.
Милошоски поканата упатена до министерот Османи ја објави на својот Фејсбук – профил каде напиша:
„Наместо детали за македонско-бугарските преговори, патокази и анекси да се дознаваат од пратеници или министри во Софија, добро е владата на оваа тема да прифати јавна дискусија во Собранието, како претставнички дом на сите граѓани, а во интерес на демократијата и државата“.
Во поканата се бара од Османи до пратениците да бидат доставени одговорите на „план 5+1“ што ѝ се испратени на бугарската Влада.