Министерот за надворешни работи Бујар Османи оцени денеска дека постојат сериозни прозорци на можност да се дојде до решение со Бугарија до крајот на годината..
-Клучно ќе биде дали ќе има страна во Бугарија која ќе може да влезе во дијалог со нас во однос на овие прашања. Јас сум вечен оптимист, меѓутоа сметам дека има сериозни прозорци на можност до крајот на оваа година и сите се ангажирани. Прозорците се пред и по нашите избори, септември, октомври и декември, на кои ние таргетираме и мислиме дека постои шанса да се најде решение, но сакам да не се врзуваме со датуми поради тоа што општеството живее со тие рокови и со тие надежи и фрустрации на датуми и рокови, рече Османи.