Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вели дека главна тема во однос на спорот со Бугарија не се идентитетските прашања туку патоказот.
-Португалскиот предлог е креативно решение кое ги адресира сензитивностите на сите три страни – нашата, бугарската и на земјите-членки, бидејќи очигледно и земјите-членки имаат став во однос на тоа каков ќе биде преговарачкиот процес зашто тоа што ќе се постави како модел со нас утре ќе направи преседан и за други земји-кандидати и земји во регионот. Тоа значи дека тоа може да отвори големи проблеми имајќи предвид колку билатерални прашања има во регионот и оттука е интересот на членките, можеби не само заради нас туку и заради самиот процес, да го заштитат процесот, вели шефот на дипломатијата.
Османи уште еднаш повтори дека од наредните две години јуни е најдобрата шанса за решавање на спорот и почеток на преговорите, па затоа работат како идниот месец да е единствената шанса.