Од Османи е побарано да ги презентира во писмена форма одговорите коишто Македонија во декември минатата година ги дала до официјална Софија на нивниот т.н. план „5+1“, за да бидеме запознаени како пратеници за што се работи и дали таквите одговори се совпаѓаат и се во рамките на усвоената Декларација од македонското Собрание каде утврдивме заеднички национални позиции, изјави Антонијо Милошоски, кој е пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој се надева дека присуството на министерот ќе биде потврдено на утрешната собраниска Комисија.
– Очекувам да имаме интересна, занимлива, расправа на којашто очекувам да добиеме посериозни одговори околу процесот кој досега е обвиен со една доза на сомнеж за тоа колку транспарентно се преговара на релација Скопје – Софија, додаде Милошоски.
Седницата на собраниската Комисија за надворешна политика е закажана за утре во 11:30.