Ние работиме со македонското малцинство во Албанија подолго време во различни форми и преку комуникација и преку асистенција, вели министерот Бујар Османи во врска со информациите од македонските здруженија кои алармираа дека Бугарија се обидува на сите можни начини да изврши тивка асимилација, а Македонците се уценети да се попишат како Бугари на претстојниот попис.
-Јас веќе имав комуникација со нив и се договоривме утре ќе ги посетам и Пустец и новиот граничен премин Џепиште-Требиште во којшто исто така живее македонско национално малцинство во Албанија. Во договор со нашите таму ќе ги посетам општините и училиштето и ќе се сретнам со граѓаните и нивните здруженија во текот на целиот ден за да ги слушнам нивните забелешки и да видиме што ние можеме да помогнеме во комуникација со Република Албанија, кажа Османи.