Османи ќе ги вложи сите напори за денес да присуствува во Собранието

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера информира дека денеска во собраниската Комисија ќе има можност отворено да разговара со пратениците за, како што рече, хронолошки да ги објасни активностите што се преземени сите овие месеци за да се обезбеди исчекор на европскиот пат.

„Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во Скопје за да се обратам пред пратениците и членовите на Комисијата за надворешна политика во Собранието на Република Северна Македонија. Очекувам најмалку со иста ревносност претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски, да ја закаже и седницата на која ќе ги претстават тезите и избраните амбасадори, со што ќе се отвори патот за нивно упатување во земјите на покривање“, стои во објавата на Османи.

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седница треба да одржи Комисијата за надворешна политика. На дневен ред е разгледување на прашањето за почеток на пристапните преговори со ЕУ за време на португалското претседателство, а во контекст на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија, потпишан на 01.08.2017 година.

Османи оцекува дека ставот на 26 земји членки е оти РСМ е најдоброто досие во регионот и дека преговорите мора да почнат, а секое одложување значи сериозно нарушување на кредибилитетот на процесот.

Слични содржини