Османи ќе извиси од владина функција?

од Vladimir Zorba
383 прегледи

Бујар Османи ќе извиси од владина функција, пренесе Алсат, чии информации сепак се под „неофицијално“.

Според телевизијата, тој повеќе не е кандидат за министер за надворешни работи, а таа позиција ќе ја преземе Артан Груби, додека вицепремиерската функција му се предава на Изет Меџити.

Нема официјална потврда од ДУИ дали ќе биде изменета листата на кандидати за Владата што ја објави лидерот на партијата Али Ахмети.

Од Мала Речица денеска единствено потврдија дека на списокот за министри е додаден Јетон Шаќири кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација.