Османи: Ќе ја тужиме Србија за геноцид

од Stefanija Kuzmanovska
310 прегледи

Претседателката на Косово, Вјоса Османи во интервју за ирскиот дневен весник „Ајриш тајмс“ рече дека приоритет број еден во дијалогот со Србија е прашањето за исчезнатите за време на војната.

– Косово има намера да ја тужи Србија за геноцид и сака нејзините водачи да плаќаат за злосторствата извршени за време на војната 1998/99. и за систематското угнетување на косовските Албанци кои му претходеле. Правдата за 13.000 лица убиени во конфликтот, милионите раселени или депортирани и 1.600 сè уште исчезнати, требаше да биде основа за договорот за нормализирање на односите, рече Османи.

Според неа, тоа треба да биде услов Косово и Србија на крајот да влезат во Европската унија.

Османи вели дека Косово е подготвено со години да чека на „квалитетен“ договор, кој обезбедува „признавање на независноста од Белград, без никакви промени на сегашните граници“.

– Нашата главна задача е да зборуваме во име на жртвите и нивните семејства. Значи, исчезнатите лица се наш приоритет број еден. Исто така, воена оштета за целото уништување што Србија го предизвика во Косово, не само за време на војната, туку и од 1989 година – рече Османи во интервју за „Ајриш тајмс“.

Слични содржини