Османи: Ќе се формира посебно одделение во МНР за зелена дипломатија

од Vladimir Zorba
194 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешната прес конфeренција во Градскиот парк во Скопје информираше дека веќе е во постапка формирање на посебно Одделение во МНР за зелена дипломатија кое ќе ги следи и анализира меѓународните политики во областа на климатските промени и заштитата на животната средина и нагласи дека ќе се изгради зелен покрив на зградата на МНР, ќе се воспостави и систем на сепарација на отпад, а објектите на амбасадите ќе треба да станат енергетски ефикасни.

Османи ја лансираше иницијативата „Зелена дипломатија – новото нормално“ и ги информираше новинарите за конкретните чекори и проекти преку кои ќе се спроведува.

„Ние имаме визија да станеме прва земја од регионот што ќе обезбеди одржлива работна средина во министерството, но и на дипломатската мрежа во следните пет години. Преку „зелената дипломатија – новото нормално“, министерството ќе се обиде преку претходно набројаните чекори и сериозни проекти да ја постигнеме оваа амбициозна трансформација. Иднината е зелена и за дипломатијата“, истакна Османи.