„Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во Скопје за да се обратам пред пратениците и членовите на Комисијата за надворешна политика во Собранието на Република Северна Македонија, соопшти минстерот за надворешни работи, Бујар Османи.
„Очекувам најмалку со иста ревносност претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски, да ја закаже и седницата на која ќе ги претстават тезите и избраните амбасадори, со што ќе се отвори патот за нивно упатување во земјите на покривање“, додава Османи.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски денеска соопшти дека за среда во 15:00 часот ќе закаже седница на Комисијата и ќе го повика министерот за надворешни работи Бујар Османи да ги претстави предлог Акцискиот план и предлог-патоказот за којшто премиерот Зоран Заев и специјалниот пратеник Владо Бучковски го преговараат со Софија.
Милошоски, кој ова го објави на својот профил на Фејсбук, напиша исто така дека протестите на опозоциската партија продолжуваат и во понеделник и во вторник пред Минисгтерството за надворешни работи од 17 до 19 часот.