Османи-Кери во Виена: Северна Македонија има за цел да го ублажи влијанието на климатските промени

од Nikola Popovski
201 прегледи

Министер за надворешни работи, Бујар Османи во својство на Претседавач со ОБСЕ, денеска оствари средба со американскиот специјален претставник за клима, Џон Кери на маргините на ОБСЕ Конференцијата за климатски промени во Виена.

Османи и Кери разговарале за климатските промени и нивното влијае на безбедноста и стабилноста во целиот регион на ОБСЕ.

„Ставањето на ова прашање високо на агендата на ОБСЕ ја покажува посветеноста и подготвеноста на ОБСЕ за понудување на решенија. И Северна Македонија работи посветено на справување со предизвиците што ги носат климатските промени. Со поттикнување на регионалната соработка и спроведување на заеднички иницијативи, Северна Македонија има за цел да го ублажи влијанието на климатските промени и да обезбеди сигурна и одржлива иднина за сите земји-учеснички”, истакнал Османи на средбата.

Османи пред Кери истакнал дека во наредниот период ОБСЕ ќе биде вклучена во спроведување на вредни проекти и иницијативи во оваа тематска област.

„Бидејќи негативните влијанија предизвикани од климатските промени ретко се ограничени во националните граници, ние мора да продолжиме со нашите напори за идентификување и надминување на заедничките закани преку засилена регионална соработка и преку развивање заеднички мерки за намалување на ризикот на терен”, рекол Османи.

Османи го запознал Кери и со тековните активности на проектот поддржан од ОБСЕ за заштита на Шар Планина и Корабскиот масив и се заблагодарил за американската помош наменета за спроведување на проектот.

Слични содржини