Османи ќе бара алтернативни начини за уставните измени: Има пратеници кои не сакаат да ја одземат европската иднина на Македонија

од Nikola Popovski
330 прегледи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека се „нема видено понесериозен пристап за клучно прашање како уставните измени од тој што го има опозицијата“.

-Мораме да бараме алтернативни начини. Ќе работиме до последен ден и секунда за да постигнеме консензус со опозицијата, но нема да пропуштиме ден и да работиме со пратениците. Очигледно дека ако сте разговарале со нив ќе видите дека повеќето се свесни за товарот што им се става за да бидат кочничари на европската иднина. Една генерација не остави надвор од Хрватска и Словенија, можеби оваа генерација ќе не остави надвор од Албанија, Србија и Црна Гора. Тогаш со БиХ ќе разговараме за решенија во иднина, во една нова 20-годишнина од солунскиот самит, рече Османи на брифинг со новинарите.

На прашањето какви се тие алтернативни начини, Османи објасни дека станува збор за разговори со пратеници кои се повеќе стануваат гласни дека нема да дозволат нивното име да биде впишано во историјата како луѓе кои што ја изолираа Македонија и ја одземаа европската иднина на граѓаните.

-Секое семејство што ќе ја напушти земјата, ќе биде нивен грев заради нивната одлука да слушаат партиски лидери кој што гледа кога ќе седне на фотелја. Тоа не можеме да го дозволиме, истакна шефот на македонската дипломатија.

Слични содржини