Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес ќе престојува во работна посета во Брисел, во чии рамки ќе оствари средба со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борељ, а ќе се обрати на конференцијата “Повеќе од дезинформации: Зајакнување на нашите општества против странските манипулации и влијанија врз информациите”.
Конференцијата е во организација на Жозеп Борељ, а ќе учествуваат и претседавачот на Специјалниот комитет за странско мешање во демократските процеси и Групата на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, Рафаел Глуксман, помошник генералниот секретар за јавна дипломатија на НАТО, Мари-Доха Бесансот како и заменик-генералниот секретар за глобални комуникации на Обединетите нации, Мелиса Флеминг.
Во рамки на конференцијата, чија цел е градењето отпорност против дезинформациите, ќе се презентира вториот извештај на Европската служба за надворешни работи со фокус на дезинформациите.