Османи: Комуницирав со Захариева во претходните денови, постои оптимизам дека може да биде постигнат договор

од Nikola Popovski
386 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи смета дека постои оптимизам дека до Самитот на ЕУ ќе може да биде постигнат договор.

„Има комуникација и моја лична со Захариева во претходните денови, меѓутоа и на други можни нивоа и навистина сметам дека постои солидна основа да може да се најде заедничка точка“, посочил Османи.

Според него,  прашањето за Гоце Делчев е отворено во комисиите уште во ноември минатата година, меѓутоа направени се неколку обиди.

„Мислам дека во однос на содржината во неколку варијанти разликите се и веќе во нијанси помеѓу двете комисии“, вели Османи.

Неофицијалниот рокот од помалку од две недели за постигнување на договор со Бугарија, до министерскиот состанок на ЕУ, Османи не смета дека е притисок поради кој земјава би прифатила и не толку добри предлози, иако смета дека за Македонија е многу важно прашањето сега да се реши. Сепак, според него, решение не треба да се бара во потпишување на нов Договор со Бугарија, туку со враќање на довербата во веќе постоечкиот од 2017.

Слични содржини