Османи: Кредибилитетот на ЕУ во регионот е под сериозен тест, С. Македонија не се откажува

од Nikola Popovski
166 прегледи

„Се согласивме дека има шанси во наредните самити на ЕУ, да се направи исчекор, бидејќи вече кредибилитетот на Унијата во регионот е под сериозен тест“, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи во гостувањето на вестите на ТВ Сител.

Според него, реално одлуката е веќе донесена во март минатата година, таа што ја чекавме 16 години.

„Ние всушност чекавме одлука да започнеме преговори и таа постигната со согласност на 27 земји-членки. Процесот трае предолго, а Македонија ги надмина основните критериуми за почеток на преговорите. Со ова ќе се стави во прашање колку е веродостојна европската интеграција во регионот. Алармот е подигнат на високо ниво“, истакна Османи и додаде дека следната недела ќе има поинтезивна дипломатска активност, за да се изнајде решение.

„Ние не се откажуваме“, категоричен е министерот.