Османи-Липавски: Уставните измени се единствена можност за продолжување на европскиот пат на С. Македонија

од Nikola Popovski
142 прегледи

Во рамки на работната посета на Чешка, денес, во Прага, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Чешка, Јан Липавски.

На средбата беше изразено заемно задоволство од развојот на билатералните односи меѓу двете земји изминатите три децении, со акцент на недвосмислената и гласна чешка поддршка за пристапниот процес на нашата држава во Европската унија. Во тој контекст, министерот Липавски изрази надеж за што поскоро усвојување на уставните измени, како единствена можност за продолжување на европскиот пат на Северна Македонија, истовремено потенцирајќи ја важноста регионот на Западен Балкан што поскоро да биде дел од ЕУ семејството.

„Го поздравуваме повикот од Чешка до институциите на ЕУ да презентираат јасна агенда за постепена и забрзана интеграција со државите од Западен Балкан, во насока на обезбедување опипливи придобивки за нашите граѓани”, истакна Османи.

Беа разменети мислења и за актуелните меѓународни и регионални прашања, како и за соработката и предизвиците во рамките на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023, чија цел е зачувувањето на безбедноста на европскиот континент.

Слични содржини