Османи: Македонија ќе добие 55 респираторни машини

од Берта Китинска
322 прегледи

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи смета дека земјава остварила голема победа со тоа што добила одлука за почеток на преговорите со ЕУ, нешто што, како што вели, 15 години не можела да го направи поради ветото на разни земји.

-Ние овие 15 години досега имавме проблем да добиеме одлука за почеток на преговори за членство во Унијата. Одлуката значи политичка волја на 27 земји членки да ни дадат можност да влеземе во последната фаза од патот кон ЕУ кој ќе заврши со полноправно членство во Унијата. Остваривме огромна победа вчера со тоа што добивме одлука што не можевме да ја добиеме 15 години, реле Османи на денешната прес-сконференција одговарајќи на новинарско прашање.

Османи, на прес-конференција истакна дека наскоро Македонија ќе добие 55 респиратори, а ќе има уште од Кина, која во моментов е „преплавена“ од барање за респиратори од многу земји.

-Обезбедивме 25 респиратори од амбасадата на Норвешка, и се наоѓаат во депо во Турција, и сега преговараме како да ги транспортираме до тука. Од фондот на ЕУ добивме 30 респиратори, и тие се во Кина, исто така бараме начин како да ги донесеме, рече Османи.

 

Слични содржини