Османи: „Македонија повторно горда“ е најшовинистичкиот слоган

од Nikola Popovski

Мислам дека вчерашниот митинг беше живописна слика на различноста на државата. Таму се сплотија граѓани од повеќе етнички заедници, веејќи ги знамињата на нивните заедници. Државното знаме е симбол на тие заедници, почитувајќи го правото на секоја заедница да ги манифестира и своите културни особености. Како претседател на државата, планирам дa jа промовирам можноста и правото, секоја заедница да ја истакне својата различност, изјави денеска кандидатот за претседател, Бујар Османи говорејќи за синоќешниот митинг на ДУИ на плоштадот „Македонија“.

Шефот на македонската дипломатија денеска беше запрашан и за повиците „УЧК“ од страна на насобраните граѓани и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и веењето на албанските знамиња, без ниту едно македонско знаме на партискиот митинг. Сепак, тој не одговори конкретно на прашањето, туку само повтори дел од синоќешниот говор на Ахмети.

-Јас како кандидат за претседател можам само да парафризирам дел од изјавата на Ахмети кој што рече „Рамковниот договор од 2001 година денеска создаде функционална и мултиетничка демократија, земја-членка на НАТО и земја која за 5 години има шанси да стане членка на ЕУ“, кажа претседателскиот кандидат.

Според него, слоганот на опозицијата за овие избори се коси со член 137 од Кривичниот законик. За Османи, „Македонија повторно твоја“ е најшовинистичкиот слоган.

-Со тоа сакаат да кажат дека со тоа што има премиер Албанец или министер Албанец, дека Македонија била на Албанците. До каде одиме со овој вокабулар ако почне секој кон себе да ја влече државата? За кого работи Талат Џафери или Фатмир Бесими? Слоганот „Македонија повторно горда“ значи дека не била горда бидејќи има премиер Албанец или министер за надворешни работи Албанец, констатира Османи на денешната прес-конференција.

Слични содржини