Министрите за надворешни работи, на НАТО денеска на пладне ја почнаа првата сесија од дводневниот состанок во Брисел.
На состанокот учествува македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој изутринава порача дека Македонија стои рамо до рамо со нејзините сојузници во Алијансата и ги споделува вредностите на организацијата.
“Ова е историски момент и за мене, и за Република Северна Македонија. Стоиме на ниво на задачата со нашето членство во Сојузот, придонесувајќи кон стабилноста на регионот, ширејќи ги НАТО вредностите, активно придонесувајќи за надминување на современите предизвици на Алијансата”, посочи Османи.
Османи изјави во Брисел дека оваа година ја прославуваме годишнината од нашето полноправно членство во НАТО и Северна Македонија денес е дел од трансатлантското семејство на држави.
„Мотото „Ние сме НАТО“, не е веќе само обична парола, ова е реалност и ние сме навистина НАТО“, изјави Османи.