Османи му честиташе на Меџити: „Доволно долго сум во политиката за да ги препознаам и почитувам пораките што ги испраќаат граѓаните“

Османи до Меџити: „Им честитам на мојот противкандидат и на целиот коалиционен тим што стоеше зад него — тие се победниците на изборите во Чаир“

од Nikola Popovski
166 прегледи

Кандидатот на ДУИ и коалицијата НАИ за општина Чаир, Бујар Османи, преку статус на социјалната мрежа Фејсбук му ја честиташе победата на Изет Меџити и коалицијата ВЛЕН. Како што вели, најпрво сака да го изрази неговото задоволство од изборниот ден.

-Сакам да ја изразам мојата благодарност до сите соработници во текот на целата кампања: од активистки и пријатели на партијата и коалицијата, поддржувачи, женскиот форум, младинскиот форум. Беше навистина чест да се работи со посветеност и жртва, процес во кој се создаде прекрасна визија за Чаир, но и многу нови пријателства.

Сепак, во политиката, последниот збор им припаѓа на граѓаните. Доволно долго сум во политиката за да ги препознаам и почитувам пораките што ги испраќаат граѓаните. Иако кампањата не беше ниту фер ниту законска во секој аспект, не сакам да се жалам, бидејќи верувам дека чесноста и вредностите имаат смисла само кога ги одржувате дури и во вакви ситуации, порача Османи.

Им честитам на мојот противкандидат, додаде Османи и на целиот коалиционен тим што стоеше зад него — тие се победниците на изборите во Чаир, и им посакувам успех во управувањето со општината во следните четири години.

-Конечно, сакам да им се заблагодарам на моето семејство, тие го понесоа најголемиот дел од мојата политичка посветеност, но оттаму добив и силна поддршка. За следните политички чекори, во наредните денови, истакна потпретседателот на ДУИ.

Според податоците на ДИК, од досегашниот број на изброени гласови, Меџити има предност пред Османи со над 1800 гласови.