112
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска патува за Брисел каде ќе учествува на министерскиот состанок на НАТО.
Во фокусот ќе биде одбележувањето на 75 годишнината од НАТО, како и приоритетите на Алијансата во пресрет на Самитот во Вашингтон.
На состанокот ќе стане збор и за актуелните безбедносни предизвици, сојузничката долгорочна поддршката за Украина, како и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на НАТО Алијансата.