Османи: На спортските натпревари сè не спојува, освен химната, каде еден дел од граѓаните не се споменуваат

од Nikola Popovski
469 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи демантираше дека Ахмети рекол дека се преговара за промени на химната, знамето и грбот на државата.

„Сметам дека е несериозно пренесување на изјава, во која евоцираат разговори од пред 20,30 години, кога се разговараше за новото знаме и грбот. Нема такви преговори. Очигледно е дека прашањето на химната не е инклузивен елемент во државата, и тоа го чувствувате на спортските натпревари кога се не спојува, освен химната каде еден голем дел од граѓаните не се гледаат внатре, не се споменуваат. Ние градиме едно мултиетничко општество за кое сите ни завидуваат. Ние создадовме таква функционлана мултиетничка демократија, која што станува пример и за повеќе од регионот“, вели Османи во емисијата „Клик плус“.

Слични содржини