Османи на средба со надбискупот Пол Ричард Галагер

од Vladimir Zorba
147 прегледи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес на 18 јуни ќе биде домаќин на секретарот за односи со државите на Светата Столица, надбискупот Пол Ричард Галагер, кој ќе престојува во возвратна посета на Северна Македонија.

На средбата е предвидено да се разменат мислења за билатералните односи и перспективите за нивното натамошно унапредување, за најновите состојби и предизвици во процесот на интеграција на нашата држава во Европската Унија, заложбите за надминување на пречките за старт на пристапните преговори, како и за руската инвазија на Украина и последиците врз европскиот континент. По официјалната средба, предвидено е министерот за надворешни работи Бујар Османи и секретарот за односи со државите на Светата Столица, надбискупот Пол Ричард Галагер да положат цвеќе на плочата на куќата на Мајка Тереза на градскиот плоштад.

Во рамки на посетата, надбискупот Галагер ќе биде примен и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. Покрај средбите со државниот врв, надбискупот Галагер ќе реализира и програма во организација на Католичката црква во Скопје.