Шефот на дипломатијата Бујар Османи после завршувањето на прес-конференцијата во МНР информира дека сите членови на македонската фудбалска репрезентација ќе добијат дипломатски пасоши доколку остварат успех против Португалија во вторник.
-Ако ја победат Португалија цела екипа ќе добијат пасоши, кажа Османи на излегување од салата за прес-конференции.
Претходно Османи соопшти двајцата фудбалски репрезентативци Александар Трајковски и Енес Барди и селекторот Боби Милевски ќе добијат дипломатски пасоши поради постигнатиот успех и големата историска победа против актуелниот европски шампион Италија.