Османи: Најголем број од загинатите се млади парови кои го искористиле продолжениот викенд

од Берта Китинска
317 прегледи

Над 40 се загинати, дел од повредените се донесени тука, меѓутоа дозволете прво да видам каква е состојбата па ќе излеземе со конечен став,кажа министерот за надворешни работи Бујар Османи кој е во Софија  заедно со премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче каде се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа 45 македонски граѓани.

-Според тоа што го знам туристичката агенција е од Скопје и очекувам дека повеќето граѓани се од Скопје. Некои непотврдени информации велат дека има над 10 деца кои се починати, меѓутоа и другите биле млади парови кои го искористиле продолжениот викенд кој го имавме бидејќи понеделникот не се работеше – беше Ден на албанската азбука и граѓаните тој продолжен викенд го искористија да можат да се движат, изјави тој за бугарските медиуми.

Тој откако даде изјава за бугарските медиуми веднаш се упати во посета на преживеаните во болницата Пигоров.

Тешката сообраќајна несреќа, во која се запали автобус со македонски таблички се случила во текот на ноќта на автопатот „Струма“ во Бугарија. Меѓу загинатите има и 12 деца, а несреќата ја преживеале седум лица.

Слични содржини