Османи: Нашето претседавање се случува во една од најтешките години за ОБСЕ

од Stefanija Kuzmanovska
168 прегледи

Како претседавачи со ОБСЕ влегуваме со мотото „Се работи за луѓето” (It’s about people), бидејќи на крајот луѓето се големите конзументи и корисници на сето тоа што ние го правиме во политиката, истакна денеска на брифигот со новинарите шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

„Во политиката ние некогаш сметајќи дека се занимаваме со голема политика, со големи иницијативи, со големи интереси, забораваме дека на било која позиција, дали на нашите национални влади, меѓународни организации, остануваме да делуваме цел ден за луѓето, за да се намали страдањето на луѓето пред се во конфликтните региони, за да се олесни на луѓето, за да може да се интегрираат, да се рехаблитираат. Имајќи го предвид ова наше искуство, преку нашата ОБСЕ мисија, сметавме дека ако некој знае што значи улогата на ОБСЕ на терен и нејзините инструменти – тоа сме ние. И затоа рековме дека пораката што ќе ја испратиме преку нашето претседавање е преку тие состаноци на Постојаниот совет во Виена е дека „да, вие мислите дека правите голема политика, но на крајот луѓето се големите корисници на сето тоа што ние го правиме“, рече Османи.

Тој подвлече дека за нас како претседавачи на ОБСЕ е важно што како мала земја во тежок период што ја има првата мисија на ОБСЕ за да спречи конфликт, за да рехабилитира постконфликтно е мисија што се уште е активна. Нагласи дека денес созреваме во земја што може да ја води и да ја предводи целата организација.

„Од конзументи на услугите на ОБСЕ, стануваме претседавачи на организацијата. Тоа што го постигна Северна Македонија внатре, преку мултиетничката функционална демократија, мултиетничките односи, културата на дијалог што го наметна, културата на компромис, добрососедските односи, сето тоа создаде имиџ кај државата, а со тоа и препознавање во меѓународната заедница дека ние сме сега зрели за да можеме тоа наше искуство во тоа наше созревање, сега да го пренесеме во регионот на ОБСЕ преку претседавањето со ОБСЕ“, рече Османи.

Тој повтори дека за земјава е голема чест што 56 земји-членки на ОБСЕ гласаа едногласно за Северна Македонија да биде претседавач на ОБСЕ, имајќи предвид, како што рече, дека за наредната година нема одредено претседавач затоа што не може да се постигне консензус за наредната година, а имаше консензус за одлуката за Северна Македонија.

„Нашето претседавање се случува во една од најтешките години за ОБСЕ. После 50 години се случува една земја учесничка да ги урива основните принципи и основните столбови не само оние на коишто почива организацијата, туку и целокупната безбедносна архитектура врз која почива мирот во Европа, Русија ги поткопува тие столбови и тие принципи преку агресијата во Укриана а со тоа доведувајчи до гоем број на последици врз луѓето во тие региони“, истакна Османи.

Тој потсети дека токму во Скопје во 1992 е отворена првата теренска мисија на ОБСЕ, за спречување на прелавње на конфликтот од БиХ.

„Тогаш и почнува отворањето теренски мисии, за потоа организацијата да ја има улогата на превенција на конфликти, па се вклучува во делот на менаџирање на конфликти и има сеопфатна димензија на безбедноста“, посочи Османи.

Слични содржини