Османи: НДИ побара сместување на дополнителни 200 цивили од Авганистан

од Берта Китинска
157 прегледи

Министерот за надворешни работи информира дека од Националниот демократски институт е стигнато барање за привремено сместување на дополнителни 200 цивили, покрај бројката од 186 граѓани од Авганистан за привремено прифаќање во земјава, за која извести Владата.

– Во однос на цивилите од Авганистан за коишто државата се понуди да прими привремено дел од нив во државата, вчера известивме преку Влада, дека за одредена бројка за којашто има барање од страна на меѓународнни агенции и организации, пред се тоа се активисти за човекови права, семејества на вработен во меѓународните организации, пристигна исто така вчера и дополнителна листа од НДИ кој список се обработува од страна на МНР, од страна на надлежните служби и ќе се постапи по нив.. Како се даваат одобренијата, така граѓаните можат да пристигнат. Меѓутоа имајќи предвид дека бројот на летови од Кабул е значително ограничен, оттука не можеме да кажеме кога точно тие цивили би пристигнале во државата, но потоа ќе бидат третирани согласно внатрешните правила на однесување и ќе бидат сместени во капацитети коишто ќе бидат обезбедени, рече Османи.

Слични содржини