Во денешното гостување на емисијата „Click Plus“ на ТВ21, Бујар Османи, министерот за надворешни работи на прашање околу тоа што ќе преземе Владата доколку американскиот тим именува некои функционери за коруптивност, Османи вели дека не може да претпостави дали ќе има или како ќе биде таа одлука на САД.
„САД имаат точно предвидено што тоа ќе значи по однос на луѓето кои што ќе бидат именувани. Доколку се работи за политичари мислам дека тоа ќе има доволно тежина за да влијае на политичките кариери на тие што би биле именувани, и со тоа мислам дека е доволно една казна за тие што ќе бидат именувани. Дали тоа ќе значи правни последици по однос на овде, тоа зависи веќе од паралелни процеси кои се одвиваат овде. Може да бидат индикации за некоја процедура која што може да ја покренат органите, меѓутоа нема тоа сигурно по автоматизам да донесе да има правни последици“, вели Османи.