Османи: Не правиме пазар за гувернерското место

од desk2
89 прегледи

По објавувањето на информацијата на весникот Коха дека се прави пазар ДУИ да го земе гувернерското место, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи демантираше дека партијата условува нов гувернер на Народна банка да биде Фатмир Бесими, а актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежовска да седне во фотелјата на министерството за финансии.

Но, впечатливо е дека Османи негира само дека во моментов има какви било преговори за таа функција, но не и дека Бесими може да седне на гувернерската позиција. Познато е дека гувернерската функција е меѓу позициите кои партијата на Али Ахмети смета дека треба да бидат предводени од Албанец. Инаку за потсетување Фатмир Бесими пред повеќе десети години беше вицегувернер на Народната банка.

Прочитајте и… Заев: Правниот систем треба да ја донесе одлуката за предметите на СЈО
– Прво во коалицијата не функционираме со условувања, туку со меѓусебно разбирање и договарање и второ демантирам дека кога било или со кого било е разговарано за таква комбинација. Фатмир Бесими е професионалец кого би го посакала секоја економско-финансиска институција, вклучувајќи ја и Народна Банка, но тоа е прашање на неговата професионална експертиза, а не партиско политичка комбинаторика – изјави Османи.