Османи негира средба со Груевски: Можеби ќе погодат со четвртиот

од Nikola Popovski

Шефот на македонската дипломатија и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи демантира дека имал средба со поранешниот премиер и азилант, Никола Груевски. Тој во објава на социјалните мрежи негира дека се сретнал со Груевски во Будимпешта.

Еднаш велеа дека се сретнал со Али Ахмети, па рекоа дека не е така. После тоа дека се видел со Артан Груби, а сега ме спомнуваат мене дека сум се состанал со него! Можеби со четвртиот ќе погодат!, напиша Османи на својот Фејсбук профил.

Поранешниот функционер од ДУИ и лидер на новото Демократско движење, Изет Меџити вчера обвини дека Османи наводно се сретнал со Груевски за да разговараат за измени на Кривичниот законик.

Јавно прашање за Бујар Османи: дали беше на службена или приватна посета во Будимпешта кога се сретна со Никола Груевски, праша Меџити.

Прашањето на Меџити следи по измените, кои ги направи Владата во Кривичниот законик, преку кои албанската опозиција обвинува дека е изготвена и обезбедена амнестија за Груевски.

Слични содржини