Во текот на денот неколку пати од засега непознат администратор, беше менувано името на министерот за надворешни работи, Бујар Османи на англиската страница на Википедија, како и дел од содржината од неговата биографија.
Кратко време на страницата покрај сликата пишуваше „Бугар Осамени“, па потоа и во описот беше додадено known as a Bugar Osmanov (познат и како Бугар Османов).
Во моментот, повторно е вратена оригиналната содржина и навредите се избришани. Иако претходно англиската верзија на профилот на Османи имаше голема содржина, сега има само неколку податоци и реченици за неговата биографија. Во воведот пишува дека Османи е „северномакедонски политичар од албанско потекло“.
Во текот на периодот пред и за време на протестите против францускиот предлог, против шефот на македонската дипломатија се водеше црна кампања и беше нарекуван „Бугар Османи“.