Османи нема да ги коментира изјавите на Ангел Димитров поради изборите во Бугарија

од Берта Китинска
192 прегледи

Нема да коментирам за односите со Бугарија додека траат изборите таму, бидејќи тогаш сите наши изјави стануваат дел од политичката борба и навистина не би сакал да влијаам во тој процес.Ќе ги задржам моите коментари после 2 октомври, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите запрашан за коментар за ставовите на копретседавачот од бугарска страна на заедничката Комисија за историски и образовни прашања, Ангел Димитров околу наводната неподготвеност на земјава за промени.

Во однос на спорниот учебник по историја за седмо одделение, Османи изјави дека тој веќе е повлечен со одлука на претходната министерка за образование, поради навредливата содржина кон другите етнички заедници.

Професорот Ангел Димитров, во изјава за новинската агенција „БГНЕС“ посочи дека „прашањето со РСМ е важно, но повторно ништо не се случи“.

„Нема подготвеност за каква било промена, тврди бугарскиот копретседавач на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија“, кажа Димитров.

Ијзавите на Димитров доаѓаат по минатонеделниот 20. по ред состанок на екпертската комисија за историски прашања, што се одржа во Скопје.

„Ова е важен сигнал за севкупните ставови, но пред се за атмосферата во која работи нашата Заедничка историска комисија на својот 20. последователен состанок. Нема подготвеност за каква било промена“, вели копретседавач на Комисијата од бугарска страна.

Тој споделува впечатоци за атмосферата во која заседавала комисјата минатата недела. Според него, телевизиите главно се занимавале со предлогот, односно како што вели Димитров, попрво барањето на ДПМНЕ за распишување на референдум на кој целосно ќе се отфрли Договорот за добрососедство со Бугарија.

„Оваа атмосфера беше позадината на која се одвиваа нашите разговори. Јасно можев да ја видам загриженоста на дел од колегите, бидејќи некои од нив рекоа дека се подложени на закани и притисоци кога нешто менуваат во својата позиција“,нагласува Димитров, додавајќи дека „ова јасно сугерира што се случува во PCM“.

Слични содржини