Османи: Неволноста за прием на Косово во НАТО и ЕУ отвора можност за дестабилизација на регионот

од Vladimir Zorba
551 прегледи

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, оцени дека тоа што нема волја да се прифати Косово како членка на НАТО и на Европската Унија, остава отворена можност за дестабилизација „не само на Косово, туку и на регионот и пошироко“.

На 22 декември, на заедничката прес-конференција со бугарскиот претседател Румен Радев во Приштина, Османи рече и дека Косово смета на поддршката на Бугарија за членство во ЕУ.

„Храбро лидерство и решителни постапки на нашите сојузници во евроатлантското семејство за забрзување на приемот на демократските земји од регионот во ЕУ и НАТО врз основа на заслуги, бидејќи секое двоумење би создало вакуум за злонамерните актери да го дестабилизираат не само Косово, туку и поширокиот регион“, рече Османи.

Косово минатата година аплицираше за членство во ЕУ, но Европската комисија во својот годишен извештај го критикуваше „ограничениот напредок“ и неспроведувањето на договорите постигнати во дијалогот со Србија.

Слични содржини