Шефот на дипломатијата Бујар Османи, на денешната годишна средба со новинарите изјави:
-Не можам да кажам кога и какви одлуки ќе донесе Стејт департментот или нивниот департмент за финансии по однос на мерките што им стојат на располагање. Тоа што е најважно е дека ние сакаме САД активно да бидат вклучени во поддршка на институциите во борбата против корупцијата, вели Османи.
Османи додава дека е ставено посебно поглавје – антикорупциска политика во документот кога бил побаран стратешкиот договор.
– Тоа е побарано од нас во рамките на стратешкиот дијалог. Ставивме посебно поглавје – антикорупциска политика во документот кога го побаравме стратешкиот дијалог, и тоа е дел од акциските планови што ги имаме договорено со САД по одржувањето на стартешкиот дијалог. Така што тоа не е само тој инструмент, туку секоја финансиска поддршка што се дава на правопсудството преку тренинг на чинителите во правосудството, сето тоа е активна поддршка на САД која што ние ја поддржуваме и ја охрабруваме, вели Османи на новинарско прашање за резултатите од посетата на земјава на тимот на американски експерти од Стеј департментот во врска со справувањето со корупцијата и ажурирање на „црната листа“ на САД, вели Османи.