Декември сѐ уште останува добар прозорец за отпочнување на преговорите со ЕУ, смета министерот за надворешни работи Бујар Османи кој денеска се сретна со австрискиот сојузен министер за европски и меѓународни работи Михаел Линхарт.
Османи изјави дека ова е период што ќе ја детерминира европската иднина на земјата
„Ние сме многу проактивни за преговорите со ЕУ. Треба да се зачува политичката стабилност. Ова е период што ќе ја детерминира европската иднина на земјата. Се надеваме на одлука за старт на преговорите во декември, но тоа зависи и од тоа дали дотогаш ќе има нова влада во Бугарија. Гледаме дека 26 земји од ЕУ се за тоа дека тоа треба да биде во декември. Дали ќе биде месец пред или потоа зависи и од тоа кога Бугарија ќе има нова Влада. Важно е дека ние не дозволивме да бидеме дел од проблемот, туку сме дел од решението“рече Османи.