Бујар Османи, министерот за надворешни работи кој наскоро го завршува свој мандат, ја потсети новата влада за обврските од Преспанскиот договор помеѓу Северна Македонија и Грција.
„Кажете, ние не сме го изгласале, ние сме биле против, го гласале овие предавниците, ние мора да го почитуваме, тоа е фер однос кон државата“, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи појаснувајќи ги предизвиците поврзани со уставното име на земјата.
Тој напомена дека државните институции треба да се придржуваат кон меморандумите и обврските поврзани со членството во НАТО и Европска Унија.
Османи, кој се сретна со заменичката Пападопулу и телефонски разговараше со министерот Герапетритис, изрази оптимизам дека двата двете земји ќе продолжат да ги спроведуваат обврските од договорот, без обвинувања или спорови. Новите влади не смеат да игнорираат договорите потпишани од претходните влади, вели Османи, со надеж дека конструктивниот пристап ќе ја одржи стабилноста во регионот.
Османи истакна дека политичките промени не треба да влијаат на почитувањето на меѓудржавните договори, нагласувајќи дека добрите односи помеѓу Македонија и Грција се кључни за регионалната стабилност и интеграција во Европа.
Сегашната ситуација во односите помеѓу двете земји генерира интерес и привлекува внимание, особено на средбата на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Скопје, каде беа присутни грчките дипломати. Од Грција сè уште нема официјални изјави за можно ново вето или ескалација на спорот околу името.
„Не, двете страни изразија надеж дека ќе се почитуваат обврските, а и последните изјави од мандатарот даваат надеж дека нема да се оди до таму. Не би сакал да прејудицирам, еве ќе чекаме една недела, според највите не очекувам такво нешто, секако не е објаснување дека вербално ќе се користи друго име, а пишано друго име, нема такво објаснување, очекувам дека тоа е само транзиција за да се подготви јавноста. Ние охрабруваме да се почитува Преспанскиот договор. Немаат одговорност зашто не го гласале, не го поддржале договорот, но имаат обврска да го почитуваат и тоа е државнички однос“, рече Османи.
Тој истакна дека пред новата влада стои предизвик да ги продолжи добрите односи со Грција, без обврзување кон предходните политички ставови, со очекување дека ќе продолжат да се спроведуваат сите обврски од Преспанскиот договор.