Oсмани нуди светско решение за паркинзи во Чаир по план на архитектот Мишел Ројкинд

„Решението за паркирање е изработено според визијата на светски признатиот архитект Ројкинд и поставува нов стандард за уреден и модерен градски живот“, тврди Османи

од Nikola Popovski
23 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Бујар Османи, денес на својот официјален профил на Фејсбук објави видео во кое го претставува својот сообраќаен план што ќе донесе ред и мир на секоја улица.

Решението за паркирање е изработено според визијата на светски признатиот архитект Мишел Ројкинд и поставува нов стандард за уреден и модерен градски живот.

„Чаир има потреба од ред, а не од хаос. Организирани паркинзи значат слободно движење, побезбедни улици и помалку стрес за секој граѓанин,” изјави Османи. „Ова не е само техничко прашање, ова е прашање на достоинството на нашите семејства и на квалитетот на секојдневието.”

Планот предвидува современи повеќекатни гаражи на критични локации, уредени резидентни зони со јасни и фер правила, дигитална наплата со интелигентен надзор, уредени пешачки коридори и проширени тротоари, како и зелени површини на покриви и околу училиштата. Секоја мерка е насочена кон брзо ослободување на улиците и воспоставување ред во маалата.

„Со ова решение го ослободуваме секој влез и секое маало. Паркирањето ќе биде лесно, предвидливо и правично. Чаир добива мир, сигурност и европски изглед“, додаде Османи. „Време е нашата општина да стане пример како се гради уреден град, со почит кон секој човек и со почит кон секоја минута од неговото време“.

Ова е силен чекор напред кон Чаир што се движи слободно, дише полесно и живее помирно. Со овој план, Чаир избира ред, функционалност и сигурност.