Кандидатот за градоначалник на општина Чаир од Националната алијанса за интеграција (НАИ) предводена од ДУИ и поранешен министер за надворешни работи, Бујар Османи, денеска истакна дека договорот за Самитот на ОБСЕ веќе една година е објавен на веб-страницата на Бирото за јавни набавки и оти двете најповикани институции Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата не констатирале никакви забелешки, пренесува Алсат-М.
„Смешно е да се каже дека сте обезбедиле ексклузивен документ кој што е веќе објавен една година на веб-сајтот за јавни набавки. Една година е јавно објавен, ама ексклузивно е обезбеден вчера од партиските штабови. Тој договор е пратен до Антикорупциската комисија од мене лично. Вратен е со писмен документ дека не е најдена ниту една забелешка. Прашајте ја поранешната директорка на Антикорупциската, ќе ви потврди дека не е најдена ниту една забелешка. Пратен е до Обвинителството кое што има донесено одлука дека не е најдена ниту една забелешка. Тоа не сум го направил јас заради владејачките партии тогаш опозициски, сум го направил заради гостите кои дојдоа во Северна Македонија на историски најголемиот настан. Меѓутоа, сега кога ја објавив кандидатурата ексклузивно го нашле договорот којшто е објавен една година на веб-сајтот на Бирото за јавни набавки и за којшто двете најповикани институции – Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија имаат писмен извештај во кој се вели дека не се констатирани ниту најмали неправилности“, вели Османи.
Алсат М: Боењето и чистењето за самитот на ОБСЕ чинеле цели 1,8 милиони евра