Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи вели дека спремен да потпише изјава на нотар со неговиот противкандидат Изет Меџити во која ќе стои дека нема да ја потпише функцијата градоначалник доколку победи, независно во иднина што ќе му се понуди – министер, премиер, претседател…„ама истото да го стори и Меџити и да потпише дека ќе поднесе оставка на денот кога ќе го изгуби изборите“. Османи потенцира дека „не можете како кандидат да промовирате државни проекти и со тоа да барате глас на граѓаните“.
Кандидатот на ДУИ посочува дека во секоја нормална држава би се подигнал алармот за злоупотреба на државните институции.
-Имаме информација дека во зградата на Советот на општината, заедно со шефот на полицијата биле повикани сите полицајци од Чаир кои се Албанци. Дел одбиле, дел прифатиле, а дел извадиле слики на Фејсбук. Зошто? За да се притискаат. Каде има кандидат или партија во светот да повикува полицајци? Има ли одговорност, праша Османи и побара поддршка од новинарите да се следи предизборната кампања.
Османи тврди дека само „масовноста на изборите ќе ги нарушите напорите за поткуп“. Вели дека има општонародно движење на отпор.