Министерот за надворешни работи, Бујар Османи смета дека отворањето на Уставот за внесување на бугарското малцинство ќе помине со потребното мнозинство во Собрание.
-Земајќи ги изјавите на политичките партии, дури и на опозициската, по однос на отворање на Уставот и внесување на Бугарите, Црногорците и Хрватите, очекувам не само две-третинско мнозинство, туку 118 пратеници ќе гласаат „за“, кажа Османи.
Според него, прво тоа е наш интерес за да го утврдиме правецот на нашите односи со Бугарија, а второ затоа што е универзално право и немаме критериуми по кои што ги делиме граѓаните, освен 20% кој што е критериум по кој се утврдуваат некои колективни права.
Во тој дел разбирам дека тоа е концесија. Лошо е што ни се поставува како Услов, тоа е компромисното решение. Битно на писта на која посакуваме да се одвива дебатата – на човекови и малцински права, истакна Османи во дебата со уредници на телевизии.