Османи очекува Косово да биде примено во Советот на Европа во април

од Nikola Popovski
238 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи го поздрави усвојувањето на извештајот на известувачот за Косово во Советот на Европа, Дора Бакојани, во однос на можниот прием на Косово во оваа европска институција.

„Мило ми е што можам да ја поздравам денешната одлука на Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа да го покани Косово да стане членка. Успешното гласање резултираше со 31 глас „за“ и четири „против“, објави Османи на Социјална мрежа „Х“.

Тој додаде дека посакува априлската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа да биде последен чекор за процесот за членство на Косово во таа европска институција.

Косовскиот премиер Албин Курти синоќа ја поздрави одлуката на Комисијата за политика и демократија на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Тој на платформата „Х“ напиша дека ова е многу важен чекор, што укажува дека Парламентарното собрание на Советот на Европа допрва ќе гласа за препораката.

Два гласа против биле од претставниците на Србија и по еден од Босна и Херцеговина и Црна Гора, додека грчкиот претставник Алексис Ципрас бил воздржан. Вчерашната дискусија во Стразбур не значи истовремено прием на Косово во Советот на Европа.

Слични содржини