Османи очекува македонските политичари да го бранат албанскиот јазик, како што тој го брани македонскиот

од Nikola Popovski
181 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи очекува политичарите од македонскиот блок да го штитат албанскиот јазик во Уставот, како што вели, „како што јас го штитам и бранам македонскиот јазик“.

Тој, на прес-конференцијата во Скопје по средбата со потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Казахстан, Мухтар Тлеуберди, одговарајќи на новинарско прашање во врска со барањето на албанскиот блок за укинување на формулацијата „20 проценти“, Османи рече дека таквата промена не треба да биде дел од агендата на албанските партии. 

-Не наидувам на отпор кај македонските и албанските партии кои сфатија дека погрешна била ваква формулација и дојдено е време во нормален процес да се направи оваа исправка. Ние не бараме концесија од никого, но сметаме дека редно време е ова да се уреди и да се реши како прашање, бидејќи во тоа време можеби јавноста не била сензибилизирана, но сега ситуацијата е промената, луѓето веќе сфатиле дека ваков вид на отпор од страна на македонската заедница во тоа време бил беспотребен, бидејќи со тоа само се предзвикала демографска трка и треба да биде случај и предлог на политичките партии на Македонците, потенцираше Османи.