Oсмани очекува „вин-вин“ решение со опозицијата околу уставните измени

од Nikola Popovski
132 прегледи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека може да се постигне „вин-вин“ решение околу уставните измени со опозицијата, без да се ставаат партиските интереси и изборни прашања во математиката.

-Има начини како да се згрижат загриженостите на опозицијата ако мислат дека процесот ја загрозува државата или граѓаните. Има начин како да се згрижат тие работи без да се калкулираат партиските интереси. Мене би ми било тешко јас да сум дел од опозицијата и за вакви прашања да ја калкулирам мојата кариера, позицијата на мојата партијата и изборите дали ќе бидам претседател. Ова се преважни прашања, истакнува Османи во гостување на „Топ тема“.

Тој очекува да се случат уставните измени и тоа како што вели, заеднички.

Слични содржини