Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешната заедничка прес-конференција со Вопке Хукстра, министер за надворешни работи на Кралството на Холандија изјави дека разговарале за енергетската криза и дали Холандија во рамки на она што ќе го предвиди Европската Унија во контекст на енергетската криза која претстои ќе ја поддржи, ќе предложи да биде вклучен и Западниот Балкан.
– Разговаравме на оваа тема и сметам дека ни е важна добра координација во пресрет на предизвиците од ова. Најдовме заеднички јазик во однос на неопходноста, односно потребата од блиска координација. Инаку, да потсетам дека Европската Унија веќе има донесено одлука за заедничка набавка на гас и енергенси во која што Комисијата ќе служи како платформа за која било и земјите од Западен Балкан, кои што не се земји-членки ќе можат да ја користат Европската Комисија за набавка на гас и енергенси. Проблемот е што и Европската Унија се соочува со недостаток на енергенси, меѓутоа, или, пак со високи цени на енергенси. Сметам дека ваквите координаци и состаноци се важни. Очекувам ЕУ да биде рамо до рамо со нас во справување со предизвиците, посочи тој.
Во фокусот биле и регионалните предизвици, меѓутоа и вкупниот геополитички контекст наметнат со руската агресија во Украина и последиците што ги предизвикува.
– Укажав уште еднаш дека РС Македонија продолжува со својата стопостојна усогласеност на надворешната и безбедносна политика со ЕУ и недвосмислената поддршка на Украина и нејзината борба против оваа агресија, истакна министерот Османи на брифингот со новинарите.