Министерот за надоврешни работи Бујар Османи пристигна во Блед, Словенија каде што денес и утре се одржува традиционалниот Бледски стратешки форум.
-Морам да кажам дека ова најверојатно е првиот форум после 20 години во кој претставник на Република Северна Македонија ќе треба да има поинаков наратив: сега имам привилегија на овој форум да претставам држава која што има започнато преговори со Европската унија, вели Османи во видео кое го објави на социјалните мрежи.