Османи од Копенхаген: Околу 12.000 граѓани на С. Македонија живеат и работат во Данска

од Nikola Popovski
238 прегледи

Последните податоци покажуваат дека околу 12.000 граѓани на С. Македонија, работат и живеат во Данска“, објави денес министерот за надворешни работи, Бујар Османи после работната посета на Кралството Данска.

Тој посетата на Копенхаген ја искористил за да се сретне со дел од тие наши сограѓани од различни заедници, Македонци и Албанци од повеќе градови во земјата.

„Преку овие средби ги реафирмираме врските и соработката со нив, а нивните идеи и размислувања ми даваат поттик за уште пофокусиран однос кон нашата дијаспора, затоа што врските со нив се драгоцени, а бенефитот обостран“, соопшти Османи.

Во рамките на работната посета, Османи остварил средба со министерот за надворешни работи, Јепе Кофод.

Главна тема на разговорот биле европските перспективи и очекувања на нашата држава – имплементација на одлуката од март мината година, преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција.

Кофод ги поздравил остварените резултати на нашата Влада со цел зајакнување на демократијата и владеење на правото, при што ја истакнал нужноста од континуирана и посветена имплементација на европските стандарди и реформските цели. Тој порача дека Данска останува силен поддржувач на евроинтегративните перспективи на Република Северна Македонија со верба дека набргу и формално ќе почнат преговорите за пристапување во ЕУ.

Слични содржини